Шпанија
Играч на Реал брутално му одговори на Симеоне: Ги нема преболено двата порази во финалињата во ЛШ (Видео)

Диего Симеоне ги налути навивачите на Реал Мадрид со изјавата која ја даде за спорната ситуација на натпреварот меѓу „кралевите“ и Селта Виго, но откако вчера пристигна одговор од Карло Анчелоти, денеска уште подрзок беше Дани Себалјос.
Тренерот на Реал Мадрид посочи дека Реал низ целата своја 100-годишна историја добивал подароци како оној против Селта Виго (недосуден пенал за противникот), па сосема очекувано, овој негов став се пренесе на прес-конференциите кои ги одржа Карло, но и на интервјуата кои ги одработија дел од играчите на „кралскиот клуб“.
Реал денеска на домашен терен го совлада Лас Палмас со 4:1 и запиша втора победа по болниот „Ел Класико“ пораз во Суперкупот, а Дани Себалјос го искористи своето обраќање за да испрати еден „низок удар“ до аргентинскиот стручњак кој го води Атлетико.
– Изјавата на Симеоне? Јас сметам дека Чоло се уште ги нема преболено двата порази од Реал Мадрид во финалињата во Лигата на шапиони.
– Тие си имаат свое мислење, ние си имаме свое. Ние остануваме да зависиме од себе, продолжуваме напорно да работиме и да го следиме патот по кој сме тргнале. Планот е да триумфираме и да уживаме во победи како оваа вечерва, – изјави Себалјос.
¡Tremendo dardo de Ceballos a Simeone! 🔥🔥
"Creo que aún el Cholo no ha superado las dos finales que ha perdido contra el Real Madrid"#LALIGAenDAZN ⚽️ pic.twitter.com/MqZSDEGERK
— DAZN España (@DAZN_ES) January 19, 2025
-
НБА18 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија15 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија19 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија8 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)