Поврзете се со нас

Лига Европа

Играч на Милан искрен по натпреварот на „Сан Сиро“: Воодушевен сум од Црвена Звезда, жал ми е што испаднаа

Објавено

на

Никој не очекуваше дека тимот на Црвена Звезда ќе му создаде толкави проблеми на Милан во 1/16 финалето од Лига Европа во кое „росонерите“ поминаа понатака благодарение на гол повеќе постигнат во гости.

Првиот натпревар во Белград заврши со резултат 2:2, додека на „Сан Сиро“ повторно беше нерешено, но резултатот беше 1:1, што беше доволно Милан да оди во следната фаза.

Српскиот клуб во Милано иако со играч помалку постојано напаѓаше и имаше неколку конкретни ситуации за по втор пат да ја затресе мрежата на Донарума.

По крајот на средбата,  фудбалерот на Милан, Раде Круниќ имаше само пофални зборови за противникот и истакна дека е воодушевен од нивната игра.

– Искрено, повеќе видов добра игра од Црвена Звезда отколку лоша од нас. Звезда покажа поголема желба за победа од нас. Во Белград бевме за нијанса подобри од денес. Единствено што можам да кажам е дека сум воодушевен со играта на Црвена Звезда и жал ми е што мораше да испаднат. Мило ми е што мојот тим оди понатака, но останува да ми биде жал што Звезда играше баш против нас, -изјави Раде Круниќ за „Арена Спорт“ по крајот на натрпеварот во Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни