Поврзете се со нас

Англија

Играч на Ливерпул останал изненаден по победата над Лестер: Клоп ми честиташе за нешто за кое не бев свесен

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Ливерпул направи пресврт против Лестер и дополнително се зацврсти на врвот во Премиер лигата, настап со кој „црвените“ уште еднаш потврдија дека во моментов се главни фаворити во шампионската трка во англиската елита.

Тимот на Арне Слот покажува карактер и во ситуации кога губи и вчера направи пресврт против „лисиците“ на домашен терен, извонредно опоравувајќи се од почетниот удар кој го зададе Ају.

Домаќините одговорија со три гола во мрежата на гостите и победија со 3:1, а стрелец на еден од тие беше Куртис Џонс кој одбележа убав јубилеј во Премиер лигата.

Куртис го одигра 100-от меч за Ливерпул во Премиер лигата, а една од првите честитки кои ги добил била онаа од Јирген Клоп.

– Јирген приватно ми честиташе за јубилејот. По влегувањето во соблекувалната имавме тимски разговор, а после тоа го погледнав мојот телефон. Обично се пораки од семејството и пријателите, но сега видов текст и од Клоп.

– Пишуваше „честитки за 100-те натпревари, нека станат 500“……

– Не знаев за што зборува, не бев свесен за што ми честита. Проверив на Инстграм и видов дека ова бил мој 100-ти меч во Премиер лигата. Горд сум, апсолутно сум горд на ова достигнување, но ова покажува и каков е Клоп. Тој се уште е во контакт со сите во тимот, – открива 23-годишниот Куртис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни