Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Играч на Лил се опушти со традиционално кече, албанско знаме и „летање орли“ во соблекувалната во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/losclive

Лил направи огромно изненадување и успеа да го победи Атлетико среде Мадрид, но триумфот од 1:3 остана одбележан и од контроверзно досудениот пенал од италијанскиот судија Гвида.

Французите поведоа со 1:2 по еден крајно сомнителен пенал кој го разлути и Диего Симеоне, но додека домаќините протестираа и се бунеа за неправдата која им беше нанесена, гостите имале вистинско шоу во соблекувалната.

Лил преку социјалните мрежи долови дека Едон Жергова ја презел главната улога во прославата во соблекувалната, и тоа со јасно потенцирање на обележја кои немаат баш допирна точка со фудбалот.

Фудбалерот со албанско потекло се опуштил со традиционално кече и албанско знаме во соблекувалната, но успеал да натера и дел од соиграчите да се вклучат во препознатливото „летање орли“ кое во минатото знаеше да донесе и многу контроверзи на фудбалските терени.

Иако беше резерва, Жергова вчера влезе поради повреда на соиграч уште во 16-та минута, а потоа беше и стрелец на еден од трите гола на гостите на „Метрополитано“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни