Поврзете се со нас

НБА

Играч на Лејкерс сликан како затвореник поради посед на марихуана (Фото)

Објавено

на

НБА ѕвездите јавно се борат за легализирање на марихуаната со години наназад и не е никаква тајна дека огромен дел од играчите ја користата во секојдневната употреба, но сега една голема ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс си направи проблем откако беше уловен со наркотични средства на јавно место.

Алекс Карузо бил уапсен од полицијата во Тексас откако во неговата торба биле пронајдени 57 грама марихуана во моментите пред да се качи на авионски лет, поради што експресно бил пренесен во станица и ставен во притвор.

Играчот е осуден за недозволен посед на наркотични средства и бил фотографиран како прекршител на законот, по што бил ослободен откако играчот на Лејкерс платил кауција од 500 долари, со напомена дека има обврска да плати уште 4.200 долари.

Карузо брзо бил ослободен од полицијата и му била одземена марихуаната, па на експресен начин ја завршил својата прва негативна епизода во јавноста по крајот на разочарувачката сезона.

Дефанзивниот играч испадна заедно со своите соиграчи во првата плејоф рунда оваа сезона, откако минатата одигра круцијална улога во шампионската титула заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни