Поврзете се со нас

Свет

Играч на Коринтијанс ги понижуваше ривалите при резултат 4:0 во 90. минута, па доби лекција од бесните гости (Видео)

Објавено

на

Осминафиналињата во бразилскиот Куп донесоа голема дерби пресметка меѓу Коринтијанс и Сантош, која на крајот заврши на доста лош начин поради непотребен потег на домашен фудбалер.

При резултат 4:0 а Коринтијанс, офанзивецот Адсон реши да си поигрува и да ги понижува фудбалерите на Сантош со непотрбени провокативни дриблинзи во 90-та минута, па таквите потези донесоа само немир и мешаница на теренот.

Адсон доби жесток удар од Анжело кој заработи жолт картон, но нервозни беа и останатите играчи на Сантош кои не ги прифатија добро потезите на противникот.

Во мешаницата се вклучија и останатите играчи од двата тима и судијата мораше да ги смирува стастите со поделени картони, а Адсон најверојатно ја научи лекцијата дека такви дриблинзи во место се непотребни кога натпреварот е решен и влегува во судиското продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни