Поврзете се со нас

Италија

Играч на Јувентус го менува тешко повредениот дефанзивец на Аталанта во тимот на Спалети (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Лучијано Спалети ги почна подготовките за Европското првенство пред четири дена, но иако денеска беше предвидено да се приклучат двајца играчи од Аталанта, на крајот во Комерчано тренинг центарот пристигна само Џанлука Скамака.

Причина за тоа е тешката повреда која ја заработи Џорџо Скалвини на вчерашниот меч со Фиорентина во Серија А, по кој за жал беше потврдено дека го скинал предниот вкрстен лигамент.

Младиот дефанзивец му зададе дополнителни главоболки на Спалети и сега го чека долг процес на рехабилитација, а неговото отсуство го натера селекторот сепак да реагира со ново име во тимот.

Лучано не се реши за такво нешто по откажување на Франческо Ачерби, но вториот загубен играч во одбраната е јасен сигнал дека мора да се повика нов фудбалер.

Покрај Скамака, денеска во Комерчано ќе пристигна и Федерико Гати, фудбалерот на Јувентус кој и официјално беше потврден како замена за Скалвини на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни