Англија
Играч на Јунајтед: Тен Хаг вршеше многу добра работа во Манчестер

Расмус Хојлунд при враќањето во родната Данска им откри на домашните новинари дека најголема поддршка во Манчестер Јунајтед му е Питер Шмајхел, но при отвореното обраќање за својата авантура во Англија, напаѓачот открил и кој бил клучен за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“.
Хојлунд во неделата прекина една ужасна црна серија која траеше повеќе од три месеци и конечно постигна гол, па сега останува да се види дали ќе успее да ја поправи формата до крајот на сезоната, што би му обезбедило многу полесни и подобри подготовки за тоа што следи.
Манчестер Јунајтед се очекува да направи голем ремонт во тимот во летниот преоден рок, а како што стојат работите, Хојлунд ќе треба да се избори за место во замислите на Рубен Аморим.
– Фокусиран сум на работите кои Аморим ги бара од мене, неговиот проект е неверојатно возбудлив, но не треба да се крие дека Ерик Тен Хаг беше една од главните причини поради кои завршив во Манчестер Јунајтед.
– Ерик вршеше одлична работа во Јунајтед, тој е талентиран тренер, но работите не излегоа онака какошто сакаше. И покрај тоа, јас сум многу среќен што се уште сум во Јунајтед, тоа е клубот за кој сонував да играм. Среќен сум и од соработката со Аморим, тој е навистина пријатна личност, ми се допаѓа неговиот карактер, – открива Хојлунд.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)