Поврзете се со нас

НБА

Играч на Голден Стејт одглуми посериозен удар, Харден му фаќаше сеир пред сите присутни во салата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LAClippers

Џејмс Харден често знае да биде главна мета на противничките играчи кои се задолжени да се бранат од нападите на Клиперси, а рано утрово „брадата“ беше испровоциран од еден ривал до таа мера, што реши да се потсмева со него на доста брутален начин.

Харден при едно водење со топката се заби во Подзиемски и играчот на Голден Стејт инсинуираше дека добил посериозен удар, па иако му пројде тактиката во дадената ситуација, остана на немилост кај големата ѕвезда на Клиперски.

Харден ја дочека својата одмазда навистина многу брзо на теренот, а откако проигра свој соиграч за цепелин, јавно го исмеваше Подзиемски пред сите во салата.

Џејмс веднаш ги повтори реакциите на противникот и иронично се фаќаше за уста, исто како што правеше Подзиемски во моментите кога се жалеше за добиениот удар во пределот на вилицата.

Последен во целата оваа ситуација се смееше домашниот кошаркар, кој на крајот се израдува и на победа од 102:92.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни