Поврзете се со нас

Англија

Играч на Фулам ја приреди најлудата тактика за деконцентрирање на голман во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Челси утре го игра реванш полуфиналето со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, натпревар во кој ќе влезе со позитивни мисли поради коректниот резултат од првиот меч, како и победата остварена во домашното првенство изминатиов викенд.

Тимот на Томас Тухел го победи Фулам со 2:0 и е се поблиску до обезбедување на топ четири пласман во Премиер лигата, но покрај фасцинантниот потег на Мејсон Маунт и двата гола на Каи Хаверц, оваа средба понуди и еден неверојатен момент кој стана вирален хит неколку дена по пресметката на „Стемфорд Бриџ“.

Боби Рид од Фулам најеверојатно ни ја понуди најлудата тактика за деконцентрација и дефокусирање на еден голман, бидејќи упорно се обидуваше да му ја одлепи едната ракавица на чуварот на мрежата на домаќините.

Менди сигнализираше кај судијата и Кевин Френд испрати опомена за момент, но Боби Рид продолжи со својата урнебесна тактика и ги изнасмеа фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни