Англија
Играч на Евертон за најлошото искуство со еден менаџер: Лампард ме понижи, па една недела подоцна заработи отка

Трите победи во низа направија Евертон да избега од опасната зона и полесно да дише за време на оваа кратка пауза во Премиер лигата, период кој Абдуелаје Дукуре го искористи за да го открие најголемиот проблем кој го имал во Ливерпул во изминатите пет години.
Искусниот играч за врска и натаму е незаменлив во средниот ред на „карамелите“ и важи за клучен играч во системот на Дејвид Мојс, менаџер кој експресно почна да дава резултати откако се врати на „Гудисон парк“.
Дукуре повторно ужива во својот фудбал како сигурен стартер на Евертон, статус кој своевремено му беше загрозен од Френк Лампард.
Легендарниот играч за врска го водеше Евертон речиси една година пред да заработи отказ, а на завршното сценарио му претходела и една жестока караница која ја водел токму со Дукуре.
– Најлошото искуство со еден менаџер го имав со Френк Лампард. Мислам дека направи грешка со мене. Јас сум човек кој постојано работи, навистина сум скромен и давам максимум на скеој тренинг. Секој тренер може да направи свој избор, јас никогаш не се бунам кога менаџер ќе избере друг играч наместо мене.
– Сакам само фер третман, а тој не беше фер со мене. Ме остави долго на клупа без да добијам објаснување. После еден домашен меч, имав силна караница со него. Не бев задоволен и среќен и му го кажав тоа во лице. Следниот ден ми кажа дека не можам да останам да тренирам со првиот тим, ми порача дека сум покажал непочитување. Ми даде да бирам, да тренирам со У-21 тимот, или да тренирам сам. Решив да тренирам сам, но за среќа тоа не траеше долго. Една недела подоцна, Лампард заработи отказ, – открива Дукуре.
“He disrespected me — Everton was a big lesson, and he learnt from that!” 😬
Abdoulaye Doucoure on his time working under Frank Lampard 🗣️ pic.twitter.com/tz8vAno1lz
— The Overlap (@WeAreTheOverlap) February 10, 2025
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)