Поврзете се со нас

Англија

Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо е клучен фактор во средниот ред на Челси, но и играчот кој е задолжен за забава и добро расположение во соблекувалната.

Во својата досегашна етапа во Челси, играчот за врска имал многу „жртви“ меѓу своите колеги, а последен е Били Гилмор кој поради повреда добива третмани во тренинг центарот.

Имено, младиот Гилмор задремал додека добивал третман со помош на модерната технологија, па Жоржињо преку својот Инстаграм профил долови како го „измрдал“ својот соиграч.

Жоржињо го разбуди Гилмор со шлаканица, а младиот играч дозна дека ќе мора повеќе да внимава кога ќе биде во близина на Бразилецот со италијански пасош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни