Поврзете се со нас

Шпанија

Играч на Барса се вратил од гостувањето во Кадис и тренирал во 4 часот наутро (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес се обиде да одмори голем дел клучни стартери на натпреварот против Кадис и успеа да победи и покрај тоа што мислите му беа насочени кон реваншот со ПСЖ, но еден фудбалер прикажал неверојатна професионалност откако тимот се вратил во Барселона.

Каталонците се вратиле од гостувањето во раните утрински часови, а откако сите си заминале дома да одморат, еден решил да остане во тренинг центарот.

Жил Кунде беше резерва на овој меч и ги одигра последните 30-тина минути, но очигледно сметал дека тоа е премалку за да остане во оптимална физичка кондиција.

Дефанзивецот на Барселона одработил кардио тренинг по пристигнувањето во тренинг центарот и тренирал во 4 часот наутро, а доказ за тоа е и неговата објава на социјалните мрежи.

Со вакви потези, Кунде само уште еднаш покажува дека е голема посветеност, а тоа сигурно ќе му донесе поени и кај тренерот Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни