Поврзете се со нас

Шпанија

Играч на Барса самокритичен: Бев катастрофален, ги одиграв најлошите 45 минути во кариерата!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Барселона доживува драматични денови и тимот од меч во меч ги покажува сите свои слабости во дефанзивна смисла, а петте примени гола од Вилјареал кулминираа со изјава која никој не ја очекуваше.

Чави Ернандес најави дека ќе се повлече од тренерската позиција во Барселона по крајот на сезоната и самиот се разреши во период кога неговата иднина беше доведена во прашање, со што реши да си тргне товар од грбот на себе, но и на своите работодавци кои имаат максимална доверба во него.

Легендарниот Чави ја презема одговорноста за лошиот период и најави дека ќе даде се од себе до 30-ти јуни, ден кој ќе биде последен за него како тренер на каталонскиот гигант.

Ернандес нагласи дека одлуката е дефинитивна и дека ништо нема да го промени неговото мислење, а иако тој ја презема цела одговорност за шокантниот пораз од Вилјареал (3:5), имаше и такви играчи кои самостојно го осудија изданието кое го имаа.

Летното засилување Жоао Кансело доби шанса на стартот на вториот дел, но по ужасната претстава која ја имаше во одбрана, призна дека ги имал најлошите 45 минути во кариерата.

– Го направивме најтешкото во фудбалот, успеавме да направиме пресврт и потоа примивме три гола и загубивме. Вината треба да се бара само кај нас играчите. Особено зборувам за себе, бев вистинска катастрофа.

– Ова беа најлошите 45 минути во мојата кариера и пред мене е голема работа. Таков е фудбалот, утре сонцето повторно ќе изгрее и добра работа е што ќе имаме нова шанса да се покажеме во вистинско светло, – изјави Кансело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни