Поврзете се со нас

Шпанија

Играч на Барса излезе од автомобилот за да се пресмета со двајца навивачи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Ињиго Мартинез имаше проблеми со повреди и нема сезона од соништата во Барселона, а на сето тоа се надоврзуваат и честите навреди од дел од фановите.

Дефанзивецот на Барса во последно време го загуби местото од Пау Кубарси, но изминатиот викенд одигра 90 минути во победата која ја остварија каталонците над Лас Палмас.

Поранешниот стопер на Атлетик Билбао ги загуби денеска нервите на излегување од тренинг центарот и дури решил да се симне од својот џип, со јасна намера да им одржи лекција на двајца млади фудбалски фанови.

На видеото добро се гледа дека Ињиго е навистина бесен и подготвен да ги истепа двајцата млади фановите, на кои јасно им порачува дека ова им е последно предупредување.

– Доста е со навреди, ова ви е последен пат, – им порачува Ињиго на младите фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни