Германија
Играч на Баерн се збогуваше со фановите на „Алијанц арена“: Никогаш не сме добиле толку понуди за еден фудбалер

Баерн Минхен рутински се справи со Слован во Лигата на шампиони и запиша победа за крај на првата фаза во најелитното натпреварување, а овој натпревар се чини беше последен за Матис Тел како играч на баварскиот великан.
Талентираниот француски напаѓач остана на теренот подолго од сите свои соиграчи и се збогуваше со навивачите на Баерн, што многумина го протолкуваа како негово одјавување од „Алијанц арена“.
Тел има голем број понуди на маса и сака да си замине во клуб во кој редовно ќе добива шанса, а дека ситуацијата навистина е променета за разлика од пред неколку недели, потврди и спортскиот директор Макс Еберл.
– Зборувавме со Тел во декември и тој ни порача дека сака да се етаблира во првиот тим на Баерн. Неколку недели подоцна, сега самиот ни вели дека сака да си замине. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе одлучиме кој чекор ќе го повлечеме.
– Сега ни вели дека не е задоволен од минутажата и можеме да го сфатиме тоа. Иако ние сакаме да остане и да се бори, сепак го сфаќаме и неговото размислување. Да бидам искрен, никогаш не сум добил толку повици и толку понуди за еден фудбалер, – открива Еберл.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…