Поврзете се со нас

Свет

Играч на Баерн Минхен со чудно тврдење: Дембеле е подобар од Мбапе

Објавено

на

Фудбалерите на Баерн Минхен беа дел од документарецот на „Амазон Прајм“ кој направи серија документарци од соблекувалните на голем дел од европските фудбалски гиганти.

Во овој документарец имало и разговори меѓу фудбалерите кои избираат кој фудбалер е подобар од наведени двајца играчи, а Серж Гнабри направил навистина чуден избор кога бил запрашан кој е подобар, Мбапе или Дембеле.

Гнабри се одлучил за фудбалерот на Барселона со образложение дека Дембеле е подобар дриблер од Мбапе кој пак е посочен како еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

– Кој е подобар, Дембеле или Мбапе? За мене, Дембеле, -кратко одговорил Гнабри на прашањето, по што добил потпрашање од Милер зошто се одлучил за Усман Дембеле.

– И јас да можев да дриблам како Дембеле, и јас ќе бев подобар од Мбапе, -одговорил крилниот фудбалер на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни