Поврзете се со нас

Лига Европа

Играч на Ајакс загуби топка на својата половина, капитенот Хендерсон го нападна на теренот (Видео)

Објавено

на

Натпреварувачкиот дух е синоним за Џордан Хендерсон во текот на целата неговата кариера, а тоа го видовме на дело и на премиерниот натпревар за Ајакс во новата сезона во Лига Европа.

„Копјаниците“ немаа проблем на домашен терен и со убедливи 4:0 го совладаа Бешикташ, но дури и во ваква ситуација, Хендерсон не сака да гледа глупости и непотребни реакции од своите соиграчи.

При резултат 3:0 во вториот дел, Хендо сериозно му забележа на Бертран Траоре за компликацијата која ја направи во совјата половина, кога офанзивниот фудбалер реши да дрибла по десната страна.

Траоре непотребно комплицираше и предизвика бес кај својот капитен, кој немаше проблем да го искаже тоа со вербален и физички напад.

Останатите соиграчи се погрижија епизодата да не добие уште понепријатен карактер, а Хендо по мечот даде изјава за овој инцидент.

– Инцидентот со Траоре? Ако сте ме гледале низ годините, тоа е сосема нормално за мене. Ова е фудбал, сакаме да победуваме и да бидеме подобри! Ако примевме гол, ќе имаше уште доста време за противникот. Понекогаш си разменувате зборови со соиграчите, но тоа е за доброто на тимот. Вакви потези покажуваат дека сите се максимално ангажирани за тимот, – изјави Хендерсон.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни