Поврзете се со нас

Свет

Игра во страшна форма: Поповски со едно промашување во дерби победа над Криенс-Луцерн

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски има навистина одлична сезона во Амичитија Цирих, тим кој е при самиот во швајцарскиот шампионат во актуелна натпреварувачката 2023/2024.

Поповски и компанија успеаа да се изборат за дерби победа на гостувањето кај Криенс-Луцерн со 29:27 и сега пред нив на табелата е само Кадетен Шафхаузен.

Еден од најзаслужните за ова славје беше македонското крило кое даде шест гола од седум обиди, поточно беше втор стрелец зад Лапајне со седум погодоци со тоа што на него му требаа дури петнаесет шутеви за да дојде до споменатиот учинок.

Цирих има 20 бодови, во наредното коло ќе го пречека Берн кој е на петтата позиција што значи дека има можност да запише уште еден добар резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни