Поврзете се со нас

Шпанија

Игра фудбал како во најдобрите денови: Магијата на Иско ги излуде играчите на Алмерија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RealBetis

Иско Аларкон направи трансфер во Бетис и тоа се покажа како полн погодок, бидејќи после неколку сезони, конечно го гледаме оној фудбалер за кој Реал Мадрид плати 30 милиони евра.

Поранешниот шпански репрезентативец повторно се пронајде себеси во тимот на Мануел Пелегрини и презентира страшен фудбал во Ла Лига, па така изминатиов викенд ја доби својата 19-та награда за играч на мечот во домашното првенство.

На одиграни 28 натпревари за Бетис оваа сезона, Иско беше избран за најдобар поединец на теренот на дури 19, вклучувајќи го и оној против Алмерија.

Бетис победи со 3:2 и ја оправда улогата на фаворит, а Иско понуди неколку технички потези со кои само потврди зошто своевремено имаше прекар „Иско-магико“.

Поради ваквите изданија, шпанската јавност се почесто врши и притисок врз селекторо Де Ла Фуенте, од кого бара да му даде шанса на Иско со повик на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни