Свет
Игор Вори издржа само пет натпревари на клупата на Загреб

Легендарниот хрватски ракометар, Игор Вори не издржа многу на клупата на ППД Загреб и по само пет официјални натпревари заработи отказ од клубот.
Вори во Загреб пристигна како наследник на Веселин Вујовиќ, но во ниту еден момент не покажа дека поседува тренерско знаење и пред се искуство за да го извади клубот од позицијата во која западна.
Во финалниот турнир во СЕХА лигата Вори со Загреб забележа два порази, од кои едниот од Вардар со што се пласираше на четвртата позиција, а серијата порази продолжи и во Лигата на шампионите каде загубија на три натпревари.
– Игор Вори повеќе не е тренер на ракометниот клуб Прво плинарско друштво Загреб. По консултациите и разговорите водени низ оваа недела, сега со веќе поранешниот тренер, управата на клубот и Игор Вори дојдоа до заеднички заклучок дека се неопходни промени за екипата да се подготви за претстојните натпревари, -стои во дел од соопштението од ППД Загреб.

- АТПпред 24 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 23 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Англијапред 23 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 23 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 19 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 21 час
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта
- Лига на шампионипред 16 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум