Поврзете се со нас

Свет

Игор Стефановски Иџе победи на ТЦР трката на Валелунга

Објавено

на

Игор Стефановски Иџе извозе фантастична трка на патеката Валелунга и стигна до својата прва победа во италијанскиот ТЦР шампионат.

По одличниот настап во Имола каде Стефановски го освои второто место на втората трка, денеска македонскиот автомобилист успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Македонецот кој вози ТЦР изведба на Хјундаи и30 повторно беше единствен странец во натпреварите од италијанското ТЦР првенство, а на крајот зад себе ги остави Џардели и Гвидети кои возат Хонда Сивик.

Стефановски стартуваше од пол-позицијата и го задржа првото место од почеток до крај на трката, со тоа стигнувајќи и до прва победа на Валелунга.

Иако ги пропушти првите два натпреварувачки викенди во ова првенство, со вчерашното седмо место и со денешните 25 поени за првата позиција, Стефановски се наоѓа на 10. место во генералниот пласман.

До крајот на првенството остануваат уште два викенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни