Игор ја клекна на нозе одбраната на Веспрем: Карачиќ ја има асистенцијата на сезоната во ЛШ (Видео)

Karacic-Barca

Вардар како што е познато ја освои титулата во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2018/2019, сезона која никогаш нема да биде заборавена со оглед на сите случувања, проблеми во клубот и како тоа играчите кои долго време немаа плата земено се издигнаа над сите тие моменти ситуации и ја донесоа титулата во Скопје.

Нормално по еден ваков успех да има признанија за „црвено-црните“ од сите страни, па така Дејан Милосављев ја имаше најдобрата голманска интервенција за да сега од ЕХФ стигне информација дека мајсторското додавање на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов е асистенција на сезоната во ЛШ.

Во бробата за пехарот против Веспрем, хрватскиот бек ги изработи Наѓ и Благотиншек и на луциден начин го проигра Столе кој пак ја затресе мрежата на Миклер.

Facebook Коментари