АБА лига
Игокеа го освои Аеродром, следи клучен меч за МЗТ за опстанок во елитата

Уште од самиот старт беше предодредено дека МЗТ Скопје ќе се бори за опстанок во АБА лигата, но за жал се чини дека оваа битка станува се покомплицирана, особено по вечерашниот пораз на домашен терен.
Во еден тесен меч со доста егал кошарка во „Јане Сандански“, Игокеа на крајот успеа да го освои Аеродром и ги освои бодовите, нанесувајќи му тежок удар на МЗТ со победата од 78:84.
Гостите клучната разлика ја направија во последната четвртина во која поведоа со 11 разлика (69:80), по што стана јасно дека МЗТ ќе претрпи пораз, иако до последна минута се бореше да се врати во мечот. Со серија од 9:0 дојде на само минус два, но сепак немаше доволно сили за комплетно враќање и превсрт на чудесен начин.
Игокеа на крајот победи со 78:84, што прави МЗТ да има уште една, последна шанса за обезбедување разигрување, или опстанок во АБА елитата.
Македонскиот првак следниот викенд гостува кај Борац, дуел кој ќе биде директна пресметка меѓу двата последно рангирани тимови на табелата.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)