Поврзете се со нас

Англија

Игало со прв јавен коментар по продолжувањето на соработката со Манчестер Јунајтед: Ми беше многу тешко…

Објавено

на

Нигерискиот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Одион Игало го даде првиот коментар откако беше објавено дека ќе остане на „Олд Трафорд“ до јануари 2021 година.

Игало ќе остане како позајмен фудбалер, а во јануари ќе се врати во Кина во редовите на неговиот матичен клуб, Шангај Шенхуа.

30 годишниот фудбалер одлично ја започна авантурата во Манчестер Јунајтед, но по прекинот на првенството поради пандемијата со коронавирусот сериозно се постави прашањето дали ќе заигра уште еднаш во дресот на „ѓаволите“.

Причината за тоа беше што неговиот договор за позајмица истекуваше на 31 мај, а двете страни подолг период немаа најдено заедничко решение за играчот.

Сега кога се заврши, Игало за официјалната телевизија на клубот изјави дека му е премногу мило што му се продолжил сонот, но потврди дека ова за него биле навистина тешки моменти.

– Последните неколку дена беа навистина тешки затоа што имаше различни преговори. Се заблагодарувам на Шангај за поддршката затоа што тие знаат што сакам јас.

– Од мал навивам за овој клуб и играњето за Манчестер Јунајтед навистина е сон за мене, -заклучи Игало.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни