Поврзете се со нас

Англија

Игало на „три ума“: Манчестер Јунајтед се соочува со сериозна конкуренција во намерата да го задржи напаѓачот

Објавено

на

Иако многумина се шегуваа на сметка на Манчестер Јунајтед кога „ѓаволите“ се одлучија да го донесат Одион Игало како позајмен фудбалер од Шангај, на крај таквата зделка се исплати за тимот од „Олд Трафорд“.

Јунајтед го договори Игало за позајмица до крајот на месец мај, меѓутоа сега откако сезоната е во прекин, од клубот ќе побараат неговата позајмица да биде продолжена и тој да остане на „Олд Трафорд“ најмалку до крајот на оваа сезона.

Сепак, како што пренесуваат одредени англиски медиуми, од Шангај нема да го пуштат Игало да го продолжи престојот како позајмен фудбалер и единствено ќе се согласат да го пуштат да си оди за сума од 20 милиони фунти.

Искусниот напаѓач, пак, се соочува со дилема затоа што на маса има екстремно богата понуда од клубот кој го поседува неговиот договор за продолжување на соработката. Шангај му нуди дури 400.000 фунти неделна плата на Игало за тој да се врати во клубот во јули  и да остане во Кина и следните години.

„Дејли Експрес“ пак јавува дека во целата оваа трансфер сапуница се вклучил и тимот на Њукасл кој исто така сака да го донесе Игало во своите редови. Веднаш штом биде финиширана продажбата на клубот, од Њукасл ќе тргнат по услугите на Игало и ќе му понудат нешто подобар договор од тој што му го нуди Манчестер Јунајтед.

Следниот период ќе биде доста напнат за Нигериецот кој ќе мора да одлучи да прифати една од трите понуди. Игало ќе треба да избере дали ќе го следи срцето и ќе потпише перманентен договор со тимот за кој навива од детството или ќе ги избере финансиските придобивки и ќе продолжи во Кина или во Њукасл.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни