Игало со емотивна посвета го одбележа својот деби гол како стартер на Јунајтед (Видео)

igalo-slavi

Одион Игало оваа вечер за првпат доби шанса во стартната постава на Манчестер Јунајтед, а на довербата која му ја укажа Оле Гунар Солскјер експресно одговори со постигнат погодок во првото полувреме.

Јунајтед даде три гола во првите 45 минути на мечот против Клуб Бриж, а Игало стана првиот Нигериец во историјата кој постигна гол за клубот од „Олд Трафорд“. Одион немаше тешка задача и само ја смести во мрежата топката која ја доби од Хуан Мата, по што следеше емотивна посвета на неговата сестра која за жал почина на крајот на 2019-та година.

Facebook Коментари