ВТА
Ига ја одбрани титулата: Швјонтек се намачи во финалето, но стигна до третиот трофеј на Ролан Гарос

Двонеделното тениско патување во Париз ќе биде затворено утре со големото финале во машка конкуренција, но традиционално, еден ден претходно го добивме новата шампионка кај дамите.
Игра Швјонтек ја покажа својата класа и го одбрани трофејот освоен минатата година, откако во денешното финале на крајот мораше да се намачи за да стигне до четврта грен слем титула во кариерата, трета на Ролан Гарос.
Полската тенисерка играше фуризоно до средината на вториот сет и имаше преубедлива предност од 6:2 и 3:0, но потоа следеше голем пад од нејзина страна, како и агресивна игра од противничката.
Каролина Мухова покажа дека неслучајно е во финалето и се погрижи за големо задоволство на трибините, бидејќи направи пресврт во вториот сет и се избори за одлучувачки трет.
Тенисерката од Чешка славеше со 7:5 и подобро го почна и клучниот сет, но направениот брејк на стартот беше само најава за тоа што следеше во продолжение. Двете тенисерки почнаа да ги губат своите сервиси и видовме дури пет брејка во третиот сет, а последен беше оној третиот за Швјонтек кој го одлучи победникот (6:4).
За Ига ова е трета титула на Ролан Гарос и стана првата тенисерка по Серена Вилијамс која освоила четири грен слем трофеи на 22 години.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…