Свет
ИФАБ подготвува ново правило кое ќе спречи задржување време од страна на голманите
Одговорното тело за промена на фудбалските правила тестира ново решение, чија главна цел е да спречи задржување на времето од страна на голманите.
Во моментов, судиите имаат право на проценка дали голманите претерале со времето кое поминува додека голманите ја вратат топката во игра, а речиси никогаш не решаваат да доделат индиректен удар за противникот, како што налагаат официјалните правила.
Според новото правило кое веќе се тестира во Премиер лига 2, голманите ќе имаат право да ја задржат топката само осум секунди, а ако го надминат времето, казната ќе биде корнер за противничката екипа.
Во Италија правилото се тестира во младинска категорија со добивање аут за противникот, а одговорните од ИФАБ сметаат дека тестот најавува позитивен ефект од имплементирање на новото правило.
Тренерите сигурно нема да бидат среќни ако нивниот тим прими гол од корнер, кој противникот го добил поради задржување на време, па и самите голмани ќе мора да го променат своето однесување и да размислуваат поинаку во овој сегмент.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот