Поврзете се со нас

Свет

Иџе стигна до третото место, но не ја заврши трката на Имола

Објавено

на

Игор Стефановски Иџе не ја заврши денешната трка на патеката Имола во рамките на италијанскиот ТЦР шампионатот, иако имаше одличен пласман во силна конкуренција.

Македонскиот автомобилист стартуваше од шестата позиција, со одлично возење се избори за напредок до третот место, но потоа дојде малерозното излетување и крај на надежите за добар пласман на првата од двете трки на Имола.

Утрешниот ден ја носи втората трка и нова шанса за Иџе, но овој пат ќе му биде потешко поради стартувањето од последниот ред, условено од денешното излетување.

Победата на денешната трка му припадна на Феличе Џелими, кој зад себе ги остави сонародниците Дамијано Редуци и Ерик Брилјадори.

Втората трка утре ќе започне од 11:35 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни