Поврзете се со нас

Македонија

Иџе се избори за надежна стартна позиција пред утрешното шоу на Монца

Објавено

на

Photo: Igor Stefanovski Facebook Page

Игор Стефановски – Иџе успеа да се етаблира како најбрз од сите возачи со Хјундаи во првата трка од првенството на ТЦР Италија и да се најде меѓу најдобро пласираните возачи во денешните квалификации.

Македонскиот пилот имаше големи проблеми во пресрет на квалификациската сесија, откако на неговиот автомобил бил востановен дефект во системот за управување, по што морала да биде променета „летвата“ на воланот.

Со големо залагање на припадниците на ПМА Моторспорт, односно тимот инженери кои стојат зад неговото возило, овој проблем бил надминат непосредно пред квалификациите, по што Стефановски стигна до 4 место за утрешната трка.

Пол позицијата му припадна на Ерик Бриљадори, вицешампион од минатата година, кој имаше време 2:01.887 бидејќи неговото Ауди се покажа најдобро подготвено за последните пет минути од сесијата, кога асфалтот се сушеше, за разлика од почетокот кога се возеше на мокра патека. Ваквиот расплет беше дополнет со второто место на Матеа Полони кој имаше задоцнување од 66 илјадити делови на секундата, со што Ауди го резервираше првиот ред.

Четирикратниот првак на ТЦР Италија, Салваторе Тавано, го освои третото место зад воланот на Купра, а три десетинки зад него беше Стефановски со резултат 2:02.704. Финецот Анти Бури, кој е актуелен шампион на ТЦР Германија, се најде 11 илјадитинки зад Иџе со ист автомобил како неговиот.

Првата трка се вози во сабота со почеток во 13.40, а втората во недела, со почеток во 10.10 часот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни