Иџе со прва изјава по жестокиот дуел со Давидовски: Никој не сакаше да попушти

idze-viktor-monza

Македонските возачи, Игор Стефановски и Виктор Давидовски успешно ја комплетираа и втората трка на легендарната патека „Монца“, но денеска интересно беше тоа што двајцата имаа навистина возбудлива битка во борбата за 15-то место.

Во македонското дерби во Италија, на крајот како поуспешен излезе поискусниот Иџе, а тој за „Дерби“ го даде и првиот коментар по крајот на трката која не ја започна онака како што посакуваше бидејќи доби удар од Џованарди.

– Имав добар старт, но бев удрен од Џованарди и паднав на последното место. Ми требаше време да се соземам и да се вратам во тркачки ритам. На крајот, имав жесток дуел со Виктор во кој никој не сакаше да попушти, па имавме и мал допир. Тоа беше вистинско дерби, – порача Иџе.

Facebook Коментари