Македонија
Иџе прогласи победа и нов рекорд во Португалија!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе овој викенд го имаше својот втор настап во Европското првенство на ридски патеки, при што постави две најбрзи времиња во првите две трки возени како дел од 41. издание на „Рампа дел Фалпера“.
Иџе со возилото Хјундаи i30 TCR беше распореден во Група 3, каде што се натпреваруваат возила со „Перформанс Фактор“ од 80 до 119. На оваа трка, за разлика од претходната во Франција, имаше само три пријавени возачи во Група 3, а беа предвидено трки трки од кои се вреднуваат двата најдобри резултати.
Во првата трка Стефановски извозе време од 2:16.121 додека најблискиот ривал Хозе Алонсо Листе од Шпанија so Gineta G50 GT4 беше побавен за повеќе од пет секунди. Третиот учесник Антонино Миљиуоло со Мицубиши Лансер EVO IX по првото возење имаше задоцнување од 30 секунди.
Второто време на Иџе беше речиси идентично, 2:16.296 додека Шпанецот Хозе Алонсо Листе овој пат доцнеше повеќе од четири секунди (2:20.567), а Италијанецот Миљиуоло беше во чекор со него, укажувајќи дека на првата трка веројатно направил грешка (2:21.989).
Задоволен од постигнатото, Стефановски не се појави на стартот од третата трка, за разлика од конкурентите кои се обидоа да ги поправат своите времиња, а во тоа и успеаја. Миљиуоло го постави својот најдобар резултат од 2:17.552, исто како и Листе кој ка извозе патеката со време од 2:19.475.
На овој начин во конечниот пласман Иџе е прв во Група 3 со вкупно време 4:32.417, додека на втората позиција се најде Миљиуоло со време 4:39.541. Третопласиран е Листе со резултат 4:40.042.
Стефановски преку социјалните мрежи посочи дека неговиот резултат е нов рекорд во Група 3. За оваа победа Иџе доби 25 поени и сега со 43 го презема првото место во генералниот пласман, додека Миљиуоло кој беше трет на претходната трка сега освои 18 бода и со вкупно 33 се наоѓа на второто место.
Следната трка од Европското првенство на ридски патеки насловена како „Субида Ал Фито“ се вози за седум дена во Шпанија. На провизорната стартна листа во конкуренција на Група 3 се пријавени шест возачи.
-
Балканпред 23 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
Италијапред 14 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
АТПпред 17 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Шпанијапред 23 часа
Чави ја планира новата сезона со Меси, Барселона излезе со официјален став за преговорите
-
Францијапред 22 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 15 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Германијапред 19 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!