Поврзете се со нас

Свет

Иџе по триумфот на Валелунга: Ова е победа за вас…

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе победи на денешната трка од италијанскиот ТЦР шампионат која се возеше на патеката Валелунга, а со тоа го оствари и најголемиот успех сезонава.

Иџе ги пропушти првите два натпреварувачки викенди, стигна до второ место во Имола, а по вчерашното седмо место, денеска стигна и до највисоката позиција на победничкиот пиедестал, победувајќи на втората трка од викендот на Валелунга.

Podio assoluto Gara2

По големата победа, Иџе гордо ја ислуша македонската химна, а испрати и кратка порака преку социјалните мрежи.

– Ова е победа за вас. Победа за моите луѓе, за мојот тим, за Македонија, – напиша Стефановски.

Со денешниот триумф, Иџе е на десеттото место во генералниот пласман во ТЦР првенството, а навистина беше посебно чувстото одново да се чуе македонската химна на еден подиум.

🇲🇰🇮🇹Македонската химна гласно се слушна во Италија🇲🇰🇮🇹

Gepostet von Igor Idze Stefanovski am Sonntag, 20. September 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни