Иџе од Монца: Стекнатото искуство поважно од проблемите

idze 2 monca 2018

Од Монца за „Дерби“,
Александар Табаковски

Игор Стефановски ни откри дека имал сериозни проблеми со својот автомобил во пресрет на трката во Монца од европскиот ТЦР шампионат, но сепак решил да се бори со своите ривали и на крајот го освои солидното 15. место.

Популарниот Иџе очекува подобра слика по утрешната втора трка на легендарната патека.

– На еден час пред трката не се знаеше дали ќе учествувам бидејќи автомобилот едноставно не покажуваше знаци на конкурентност, напротив тонеше со перформансите. Откривме еден проблем, но ни останаа и други, сепак сум задоволен што успеавме да ја извозиме трката за уште едно ново искуство.

– Конкуренцијата е безмилосна и сите гледаат да бидат врвно подготвени, па секој проблем како овој денеска со издувот, не чини многу време и нерви, а на крајот и пласман во трката. Очекувам да влеземе во утрешната втора трка многу посмирени од денеска и да очекуваме среќата да не ни сврти грб, – изјави Стефановски за „Дерби“.

Facebook Коментари