Поврзете се со нас

Свет

Иџе не доби дозвола да отпатува во Италија, го пропушта стартот на ТЦР шампионатот

Објавено

на

blank

Македонија и натаму останува на црната листа на земји кои немаат дозвола да влезат во Италија, па и покрај сите залагања и бирократски барања за добивање специјална дозвола, Игор Стефановски Иџе не доби зелено светло за да стапне на чизмата.

Најдобриот македонски автомобилист на тој начин ќе го пропушти стартот на ТЦР шампионатот, бидејќи италијанската влада не му дозволи влез поради фактот што Македонија се смета за земја со висок ризик поради пандемијата со коронавирусот.

– Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело.

За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме се’ што можевме. Покриени се сите трошоците за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент. За жал, безуспешно.

Нашата земја се најде на списокот на земји, чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија.

Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки, – гласи објавата на Иџе.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни