Македонија
Иџе малерозен во последниот круг на Монца

Македонскиот пилот Игор Стефановски Иџе, успеа да го задржи високиот пласман од квалификациите при стартот на трката од ТЦР Италија на патеката Монца, но немаше доволно перформанси на легендарниот автодром за да може да се бори за врвот, како пред еден месец на Валелунга.
Тој беше петти на стартот, и долго време потоа беше на таа позиција додека не испадна еден од конкурентите. Во самиот финиш, откако возачите ја минаа целта на само 20 секунди од истекот на времето, се случи инцидент во кој Иџе беше притиснет во внатрешната страна на првата шикана по правецот, иако македонскиот пилот во тоа време се обидуваше да престигне и да дојде до третото место.
Инцидентот го врати назад на 10 место, но откако ја заврши трката доби казна од 25 секунди за предизвикување на колизија, па дополително беше уназаден на 14 место.
Целата трка може да ја проследите на следниот линк:
http://www.acisport.it/campionati/TCRItaly/

- Англијапред 24 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 20 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 18 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 20 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 17 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 19 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…
- Италијапред 15 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)