Поврзете се со нас

Македонија

Иџе максимално борбен, но ривалите го инволвираа во судир! (ВИДЕО)

Објавено

на

Игор Стефановски – Иџе не ја заврши втората трка на Монца од шампионатот на ТЦР Италија, бидејќи во вториот рестарт обидувајќи се да ја задржи осмата позиција, излета во заштитната ограда, најверојатно поради удар од ривалот.

Трката започна со задоцнување од еден час бидејќи поради лошите временски услови од вчера организаторите мораа да направат промени во саатницата. Првите 8 стартуваа по обратен редослед, што значеше дека Иџе појде од петто место. Стефановски ја задржа позицијата по стартот, но следеше првото возило за безбедност кое остана неколку круга на патеката. Во тие моменти зад Иџе се најдоа вчерашните најдобри, Тавано и Бриљадори, кои во рестартот еден по еден го престигнаа.

Дека возилото на Иџе ги губи перформансите во средина на трката беше видливо кога беше престигнат од уште два три возачи, а тогаш се случи откажувањето на Николо Балдан, кој беше пред него. За време на безбедносното возило, Иџе се најде на 8 место, пред чешкиот возач Курил.

Меѓу двете излегувања на возилото за безбедност Тавано ги престигна сите и го презема водството во трката, а Бриљадори дојде до третото место, зад Кевин Чекон.

Вториот рестарт беше кога од трката имаше останато помалку од седум минути и уште еден круг, но веќе на половина од кругот се случи инцидентот на Стефановски, кој според она што можеше да се види во ТВ преносот, ненадејно сврте кон заштитниот ѕид наместо кон правецот на патеката, што даде слика дека веројатно беше удрен од Чехот Курил. Стефановски самостојно излезе од возилото, што не сигнализираше дека има каква било повреда од ударот, за разлика од неговиот автомобил.

Во рестартот, Бриљадори го престигна Чекон, по што првата тројка се подреди на идентичен начин како во првата трка: Тавано, Бриљадори, Чекон. Тројцата се лидери на табелата со по 88, 80 и 64 бода, додека Иџе остана на 34 од првата трка, со што е на деветто место.

Следниот натпревар се вози на  патеката Мизано на 5 и 6 јуни, кога ќе стартуваат и трките од Порше Супер Куп во кои настапува Ристо Вуков – Рико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни