Иџе издоминира на Водно и направи историја: Мисијата е завршена, ова е успех на кој сум посебно горд!

idze-vodno

Игор Стефановски со години наназад ја претставува Македонија на највисоко можно ниво на познатите трки ширум Европа, но сега најпознатиот автомобилист од нашата земја успеа да оставри нешто за кое самиот вели дека е посебно горд.

Популарниот Иџе во неделата издоминира на ридската патека на Водно и постави рекорд на истата со време од 02:02:09, достигнување со кое стана првиот Македонец кој го држи апсолутниот рекорд на оваа делница. Европскиот шампион постави две секунди подобро време од досегашниот рекорд, а не криеше дека е посебно горд на овој успех бидејќи патеката на Водно е негова омилена.

– Ми беше криво што натпреварувачи од други земји го имаа рекордот на патеката, која беше главна за моите почетоци во автомобилскиот спорт. Јас го имав македонскиот рекорд, но не и севкупниот рекорд на оваа патека. Конечно мисијата е завршена. Јас како Македонец сум горд што го имам и македонскиот, но и рекордот на оваа патека воопшто. Им се заблагодарувам на луѓето од мојот тим. Тие овозможија овој автомобил кој е подготвен за друг вид на натпреварување, да се приспособи за да можам да настапам на оваа трка.-изјави Стефановски.

idze-vodno1

Facebook Коментари