Македонија
Иџе грмеше на Монца: Стефановски имаше најдобар старт на дождот! (ВИДЕО)

Првата трка од првенството на ТЦР Италија и вчера имаше драматична квалификациска сесија со променливи временски околности, а и денес дождот пристигна на самиот старт од настанот.
Во такви услови блесна македонскиот пилот Игор Стефановски Иџе, кој изби во водство од четвртото место и ја поведе трката во првите два круга. Носителот на пол позицијата Ерик Бриљадори „потона“, додека Матеа Полони во вториот автомобил на Ауди првите два круга се обиде да му парира на Иџе, но потоа се откажа од следењето откако на крајот од стартно целната рамнина не можеше да го запре возилото и помина од задната страна на шиканата.
Сувереното водство на Стефановски беше компромитирано со сушењето на патеката, по што му се доближи Салваторе Тавано, , кој очигледно беше побрз и без потешкотија го престигна нашиот возач, за веднаш потоа и да се одвои на две секунди пред него. Со ваков поредок се влезе во последните пет минути од трката, кога тројката од Кевин Чекон, Анти Бури и Ерик Бриљадори се доближи до Иџе, а при еден поширок излез од свиокот „варијанте Аскари“ ривалите добија шанса да го загрозат. Само еден километар подоцна, на стартно целната рамнина Иџе по втор пат не можеше стабилно да влезе во првата шикана, каде што патеката била особено гумирана на сува, а на дожд е премногу лизгава, и отиде зад шиканата, со што сите го престигнаа и тој се најде на петтото место.
Во последниот круг Бриљадори го престигна Бури за второто место, но тука не престанаа проблемите за Финецот: Чекон и Иџе напредуваа по една позиција (на трето и четврто место) бидејќи на Бури му беше доделена казна и му беше додадено време на конечниот резултат.
Втората трка се вози утре со почеток во 10.10 часот.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)