Поврзете се со нас

Македонија

Иџе бесен на ривалот: Ова не се простува! (ВИДЕО)

Објавено

на

Игор Стефановски Иџе денеска на Монца ја возеше втората трка од првенството на ТЦР Италија, но за разлика од проблесоците во квалификациите и на првата трка, кои се возеа во променливи временски околности, на суво неговиот автомобил ги немаше потребните перформанси да се бори за висок пласман.

Дополнително, откако по стартот од петтото место тој падна на осма позиција, додека го престигнуваше Џонатан Џакон (во Хонда Сивик, стартен број 24), беше удрен одзади од чешкиот возач Душан Курил (во Хјундаи, стартен број 59).

Стефановски во првата порака од Монца расчисти дека е добар по судирот, но укажа дека се уште не е позната состојбата со автомобилот, бидејќи стравува од можна „тоталка“ и тој да не биде употреблив во иднина.

– Бев на прегледи кои се задолжителни после вакви судири. Прво да кажам дека сум океј, тоа е тоа, трките се такви и некогаш се случуваат вакви работи. Можам да кажам дека ми е криво што ударот кој го добив не беше во борба, туку беше одзади, кој навистина не го очекував. Не знам која е причината, треба да одиме после кај директорот на трката. Стварно, ударот беше таков, што не дај Боже ако беше од страна, можеше … Не ја знам причината, дали дечкото изгуби кочница? Возилото е приличо оштетено, се уште е на затворениот паркинг, чекаме по завршувањето на сите трки да го земеме и да видиме дали е можно со него воопшто да се продолжи натпреварувањето. Дали ќе биде возможно да се спреми или да се оди на друга варијанта? Тоа е тоа, за жал не ја завршивме оваа трка, кажав и вчера после првата трка, перформансите на моторот беа опаднати, не можев да се борам на правците, стварно беа побрзи од мене. Но, нема да се жалиме, трките се тоа, сме доживеале и полоши ситуации, ќе одиме напред,- рече Иџе во обраќањето преку социјалните мрежи.

Неколку часа подоцна, маледонскиот пилот сподели видео од неговата „он-борд“ камера, каде што се забележува дека тој го престигнува Џакон, по што е удрен одзади и ја губи контролата врз возилото.

– Сум имал дуели на асфалтот и тоа доста жестоки. И тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува,- напиша Стефановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни