Поврзете се со нас

Лига на нации

Идниот зет на Кин постигна гол против неговата Ирска, реакцијата на Рој е вирален хит: Работите брзо може да се променат…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Тејлор Хервод-Белис е талентирано 22-годишно момче кое ги брани боите на Саутемптон, но откако доби голема награда од селекторот Ли Карсли, денеска го доживеа и најубавиот момент во својата кариера.

Дефанзивецот постигна гол за Англија на дебито против Ирска и ги постави конечните 5:0, а откако го направи тоа, брзо се претворил во топ тема и во студиото на „Ај-Ти-Ви“.

Хервуд-Белис е познат по тоа што е во љубовна врска со ќерката на легендарниот Рој Кин и веќе ја има побарано нејзината рака, но откако успеа да го изнервира таткото на саканата Леа, пристигна и урнебесен коментар од страна на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед.

Кин во свој шеговит стил ја проследи целата ситуација, порачувајќи му на својот иден зет дека работите брзо може да се променат после овој гол.

– Ова е слатко-горчиво за мене. Веридбата не значи дека се е завршено и решено! Работите може брзо да се променат во семејството Кин……

– Изминатите месеци постојано е закана кон противничкиот гол кога игра за Саутемптон. Одлично е за него што дебитираше на ваков начин, тој е одлично момче и неговото семејство заврши извонредна работа, – порача Кин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни