Идеалниот тим во СЕХА со Дибиров и Гонзалес (Видео)

timur

Екипата на Вардар има двајца свои претставници во најновото одбројување на најдобрите во СЕХА лигата.

Левото крило Тимур Дибиров и тренерот Раул Гонзалес најдоа место меѓу најдобрите за месец октомври во кои уште се:

Голман – Клемен Ферлин (Горење)

Десно крило – Бруно Буторац (Татран)

Кружен напаѓач – Марин Шипиќ (Нексе)

Лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)

Среден бек – Лука Митровиќ (Целје)

Десен бек – Константин Игропуло (Мешков)

Инаку „црвено-црните“ во овој месец одиграа две средби против ППД Загреб (30-23)и против Целје (31-28).

Facebook Коментари