Ибраими во свој стил ја најави победата на Домжале (Видео)

agim

Повремениот македонски репрезентативец, Агим Ибраими постигна гол за својот Домжале во најсилниот словенечки фудбалски шампионат.

Офанзивниот фудбалер денеска стрелаша против Алуминиј во победата од 3-1 на домашен терен. Токму Агим ја најави истата во негов стил во 35 минута со одмерен удар со левата нога.

Домжале по четири кола има учинок од три победи и еден пораз со што се наоѓа на второто место на табелата зад Марибор.

 

Facebook Коментари