Поврзете се со нас

Македонија

Ибраими со два гола ја реши Победа и најави дека ќе биде огромно засилување за Струга

Објавено

на

Бесарт Ибраими ова лето се врати во македонското фудбалско првенство и потпиша за Струга, а уште во воведното коло демонстрираше дека ќе биде огромно засилување за тимот кој ги игра своите натпервари крај охридското езеро.

Струга Трим и Лум ја отвори завесата во Првата македонска фудбалска лига со уверливо издание и висока победа, во која во нападот доминираше големото засилување.

Ибраими ги постигна головите за 1:0 и 2:0, потоа имаше и три убави шанси за да реализира и хет-трик, но иако не дојде до него, нема потреба да очајува.

Причина за такво нешто немаат ниту фановите на Струга, бидејќи нивниот тим сепак постигна трет гол за конечни 3:0, истиот дело на Јусуфи.

Со овој триумф, Струга навести дека ќе биде незгоден домаќин и во новата сезона, додека Победа првите бодови во новата сезона ќе мора да ги бара на друго место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни