Ибраими не згреши од белата точка, Шкендија го доби Работнички

alimi

Екипата на Шкендија славеше над Работнички со 2-1 во последниот натпревар од 14. рунда во првата македонска фудбалска лига.

Актуелниот македонски шампион дојде до трите бода на Националната арена „Тодор Проески“ со пресврт и тоа со два гола кои од белата точка ги постигна Агим Ибраими. Имено се започна добро за Работнички кој го отвори резултатот со погодокот на Шаркоски во 6 минута, ама таа предноста за „романтичарите“ кратко траеше и веќе во 19 беше 1-1 благодарение на Агим кој го реализираше пеналот.

Домаќините потоа имаа неколку шанси, меѓутоа не успеаа да ја сместат топката во мрежата на Захов, па за тоа беа казнети во самиот финиш во кој прво Силјановски во 78 доби втор жолт картон што значаше дека дебармааци остануваат со играч помалку на теренот, ситуација која „црвено-црните“ ја искористија во 90 во која Фазли беше соборен во казнениот простор по што Ибраими ја презема одговорноста и стрелаше за победа и три големи бода.

Ова за Шкендија беше 21 сезонски бод и е на третата позиција, Работнички е последен со 11 поени.

Facebook Коментари