Ибраими ја потврди победата на Домжале (Видео)

ibraimi

Повремениот македонски репрезентативец, Агим Ибраими постигна нов гол во првенството на Словенија со кој ја потврди победата на неговиот Домжале над Кршко од 3-1.

Офанзивецот се најде на вистинското место во 86 минута и го постави конечниот резултат со својот четврти сезонски погодок.

Со новиот триумф Домжале дојде до бројката од 69 поени со што на две кола до крајот на шампионатот е на третата позиција зад Олимпија и Марибор.

Facebook Коментари