Поврзете се со нас

Македонија

Ибраими ја потрди веста која стана топ тема во мак-фудбалот (Фото)

Објавено

на

Бесарт Ибраими е најдобар голгетер во историјата на македонската фудбалска лига и ужива статус на вистинска легенда во мак-фудбалот, а како таков, си даде за право самиот да бира каде ќе ја зарши кариерата.

Ибраими како 37-годишник е на залезот на кариерата и јасно е дека ги брои последните сезони, но и во оваа фаза покажа дека е еден од најдобрите голгетери.

Бесарт се покажа како супер засилување за Струга и овој тим освои две титули со Ибраими како ударна игла во нападот, но после двете историски сезони крај охридското езеро, напаѓачот сега повторно е пред враќање во Шкендија.

Ибраими сака да ја заврши кариерата во клубот во кој ги оствари најголемите успеси, а денеска и самиот потврди дека ја завршил убавата и незаборавна етапа која ја имаше во Струга.

– Почитувани љубители на спортот и почитувани стружани, сакам да ве информирам дека по меѓусебен договор со раководството на клубот, јас повеќе нема да бидам дел од Струга Трим Лум, клубот со кој испишавме историја, освојувајќи ја шампионската титула и станувајќи дел од европските натпреварувања.

– Благодарност до претседателот и сите останати во клубот, за нивната коректност и соработка во текот на двете години колку што бев дел од Струга Трим Лум. Струга засекогаш ќе остане во моето срце, – порача Ибраими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни