Ибраими со асистенција и победа го „поздрави“ поранешниот клуб Марибор (Видео)

agim-ibraimi-domzale

Домжале го доби дербито против Марибор од словенечкото фудбалско првенство, откако составот на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, славеше со 2:1 на гостувањето на „Људски врт“.

Ибраими испрати одлична асистенција за Широк во 8. минута, а неговиот соиграч го отвори резултатот, а на стартот на вториот дел Домжале зголеми и на 2:0.

Марибор до крајот само успеа да намали во завршните моменти и да ги постави конечните 1:2, а Ибраими играше до 87. минута од средбата на која со аплаузи беше дочекан од фановите на поранешниот клуб.

Facebook Коментари