Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…

Објавено

на

foto: x.com/Ibra_official

Златан Ибрахимовиќ не може да биде задоволен од вчерашниот настап на Милан и поразот од големиот европски ривал Ливерпул во Лигата на шампионите, па „росонерите“ ќе бидат под дополнителен притисок во пресрет на градското дерби со Интер.

Пред средбата, Ибра бил во отворена комуникација со студиото на „Скај Италија“ и зборувал за невообичаеното отсуство на последните натпревари на екипата, разјаснувајќи ја и поточно својата улога во клубот по изјавата на Звонимир Бобан.

– Кога ја нема мачката, глувците оро играат. Кога ќе се врати мачката, ги снемува глувците.

– Ме немаше неколку денови поради приватни причини, но јас сум секогаш присутен, работиме напорно и концентриран сум на својата работа, – рекол Ибра.

Бобан во својата последна изјава потенцираше дека не му е јасно каква е улогата на Ибрахимовиќ во клубот и го предупреди Швеѓанецот дека на крајот тој ќе треба да преземе одговорност ако клубот не се движи во правилна насока.

– Ете дури и на Бобан не му е јасна мојата улога во клубот. Таа е едноставна и подразбира многу разговори. Јас сум главен, јас сум шеф и сите работат за мене. Нема глувци во екипата, тие се околу неа, – рекол Ибрахимовиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни